Услуги
ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ
Железничкиот сообраќај обезбедува ефикасно,економично и безбедна достава на стоките.Без оглед дали се работи за комплетни возови или за превоз на стока со поединечни вагони,компанијата може да понуди разни транспортни решенија за да ги задоволи вашите барања. Ве молиме контактирајте не во било кое време за да дискутираме за вашите индивидуални барања.
ПАТЕН СООБРАЌАЈ
Компанијата обезбедува на своите клиенти организација на превоз на стока со камионски капацитети ,комплетни и парцијални товарења и тоа од и за Македонија за и од Грција,Србија,Косово,Албанија,Бугарија,Босна и Херцеговина,Хрватска,Словенија,Италија,ЦИС земјите и други европски земји и тоа преку договори со разни превозници.
ПОМОРСКИ И КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ
Контејнерски транспорт преку пристаништата во Солун, Драч, Бар и др.,како и било кој тип на превоз на стока по воден пат.
Нашиот сервис вклучува:
- Речен и поморски транспорт на конвенционално и генерално карго,вонгабаритно карго и др.
- Транспорт на контејнери од различен тип.
- Организација на пристанишни операции,вклучувајќи утовар и истовар на стока од брод.
- РО-РО транспорт.
- Мулти модален превоз со користење на разни видови на транспорт.
АВИОНСКИ СООБРАЌАЈ
Обезбедуваме услуги во организација на авионски сообраќај со наши партенери во кој било дел на светот,сигурно и на ваше барање врата до врата.
УСЛУГА ЗА ОБАВУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ ФОРМАЛНОСТИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА
Посредуваме при обавување на увозни,извозни и транзитни царински формалности во Република Македонија
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ
Што и да треба да пренесете, каде и да е тоа, може да помогнеме.
Како наш клиент вие добивате:
- оптимално транспортно решение
- посебно скроен сервис кој што ќе одговара на вашите транспортни потреби
- информации за транспортни тарифи и дополнителни трошоци,услови и промени во транспортното законодавство,услови за увоз,извоз и транзит на стока
- осигурување на стока во транспорт
- пратење на стоката на рутата на превоз
- обезбедување на информација за местоположбата на вагонот на територија на разни земји